Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Реконструкција на базенот во Струга

Реконструкција на базенот во Струга

Започна реконструкцијата на базенот во Струга, еден од најголемите проекти...

Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

Денеска во 11.00 часот свечено се отвори објектот на едриличарскиот клуб...

Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

Агенцијата за млади и спорт, започна со организација на обуки за развој на...

Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

Нашата метропола е домаќин на уште еден настан од светски ранг, ИТТФ челенџ...

Прва обезбедена норма за Токио

Прва обезбедена норма за Токио

По повод освојувањето на бронзен медал на Светското првенство во борење и...

  • Реконструкција на базенот во Струга

    Реконструкција на базенот во Струга

  • Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

    Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

  • Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

    Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

  • Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

    Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

  • Прва обезбедена норма за Токио

    Прва обезбедена норма за Токио

Печати

Прием на освојувачот на ,,Златниот Гонг” и македонска боксерска надеж Јасин Љама

вклучено . Објавено во Соопштенија

76604983 546315746151162 1612531379495501824 n

По повод освојувањето на ,,Златниот Гонг” директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски  го прими младиот и надежен македонски боксер, Јасин Љама, кој имаше одличен настап на традиционалната спортската манифестација, која се одржува изминативе 50 години.

Каевски му честиташе за големиот успех, и му посака одлични борби во иднина и учество на големите натпревари, како и на Олимпијада.

Печати

50 години од првиот “Златен гонг”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams zg pres

-Јубилејот од половина век период од одржувањето на првата боксерска манифестација го става Златен гонг на позиција на македонски спортски бренд, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски на прес конференција во АМС.

Тој додаде дека оваа манифестација дава посебен допринос во развој на македонскиот спорт благодарение на напорите на боксерската федерација, но и благодарение на освојувачите на златниот гонг низ годините што изминаа, а кои боксуваа за нашата држава: Вели Мумин, Аце Русески, Мустафа Алија, Реџеп Реџеповски, Гоце Јаневски, Примислав Димовски.

Печати

Завршени обуките за претприемништво и деловни вештини

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk pretp

Агенцијата за млади и спорт втора година по ред организира обука за преприемништво и деловни вештини, како дел од програмата за млади.

На завршниот ден од предавањата, на кој присуствуваа голем број на млади лица, присуствуваше и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, кој им додели сертификати за успешно завршена обука.

Печати

Објавен јавниот повик за аплицирање со бизнис план од млади лица „Млади претприемачи“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Согласно програмата за работа за 2019 година на Агенцијата за млади и спорт, Сектор млади, објавува Јавен повик за аплицирање со бизнис план од млади лица „Млади претприемачи“.

Агенцијата за млади и спорт  ги повикува сите млади лица  да аплицираат со своја бизнис идеја (Бизнис план), согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки:

Печати

Обновен објектот на опожарениот едриличарски клуб во Струга

вклучено . Објавено во Соопштенија

Snegar 1

Денеска во 11.00 часот свечено се отвори објектот на едриличарскиот клуб „Снегар“ во Струга, кој во јули годинава изгоре во пожар кој предизвика огромни материјални штети на клубот.

На отварањето, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, се обрати пред присутните истакнувајќи дека е овој објект е од огромно значење за стружани и за развојот на овој спорт.

Печати

Преку 100 играчи од 18 држави на Челенџ турнир во Скопје

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres pp

Нашата метропола е домаќин на уште еден настан од светски ранг, ИТТФ челенџ турнир во пинг-понг за кадети и јуниори.

По тој повод, Агенцијата за млади и спорт организираше прес- конференција на која свои излагања имаа директорот на Агенцијата за млади и спорт,  Дарко Каевски, претседателот на Пинг-понг федерацијата на Северна Македонија, Горан Тиловски, како и претседателот на Светската пинг-понг федерација (ИТТФ) Томас Вајкарт.

Печати

Реконструкција на спортската сала во Ресен

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams resen 3

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски извршија увид во работата во спортската сала „Зоран Стојановски“.

Спортската сала во Ресен, е еден од објектите на кои им е беше потребна интервентна реконструкција, во повеќе сегменти, а истата претставува објект во кој спортуваат и рекреираат луѓе од сите возрасни категории од Ресен и околината.

Печати

Објавен огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт објави Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации. Распределбата на средствата од Буџетот на Република Македонија за 2019 година наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите и Измената на Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите. За подетални информации симнте ги следниве документи:

Печати

Стартуваше реконструкцијата на спортската сала во Неготино

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams negotino

Претставници од Агенцијата за млади и спорт го посетија Неготино, каде во присуство на градоначалникот и советниците на Општина го означија стартот на реконструкцијата на спортската сала “Младост” во Неготино, која долго време беше вон употреба.

Печати

Стартуваше обуката за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams o

Агенцијата за млади и спорт, започна со организација на обуки за развој на претприемачкиот дух и деловните вештини во насока на развивање на претприемништвото кај младите луѓе. Обуките се всушност дел од мерките за мотивирање на младите во вклучување и развој на претприемачкиот дух.

Печати

Скопје трча

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sk trca

"Skopje Run 10K" е трка која ќе се одржи трета година по ред и која на сите тркачи и рекреативци им овозможува уште една можност да спортуваат и да се натпреваруваат.

На прес конференцијата одржана во Агенцијата за млади и спорт свое излагање имаше директорот Дарко Каевски, Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје и Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија