Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

“Стоп на пороците кај младата популација”

“Стоп на пороците кај младата популација”

Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот...

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

Одржан прв јавен настан за Закон за млади

По повод отпочнувањето на процесот за креирање на Законот за млади, вчера...

Соопштение

Соопштение

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската...

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски оствари...

  • “Стоп на пороците кај младата популација”

    “Стоп на пороците кај младата популација”

  • Одржан прв јавен настан за Закон за млади

    Одржан прв јавен настан за Закон за млади

  • Соопштение

    Соопштение

  • Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

    Средба по повод процесот и активностите на RYCO канцеларијата

Печати

Националната арена „Филип Втори Македонски“ помеѓу стадионите од највисок ранг

вклучено . Објавено во Соопштенија

Стадионот „Филип Втори Македонски“ доби сертификат-Класа 1 од Меѓународна Атлетска Федерација (IAAF). Со исполнувањето на спецификациите од правилото 1.1 за IAAF патека и за останатите дисциплини, патеката на стадионот може да се користи и како терен за атлетика. Политиката на квалитет во градењето спортски објекти и почитување на светските стандарди-доби свој епилог.

Печати

ПОСЛЕДНА ПОЧИТ за Теодора Георгиевска - Рули

вклучено . Објавено во Соопштенија

Во име на македонскиот спорт, Агенцијата за млади и спорт ја користи оваа прилика да изрази длабоко жалење и искрено сочувство до семејството за заминувањето на Теодора Георгиевска – Рули која по кратко боледување, почина во текот на вчерашниот ден.

Печати

Финансирање на програмите на федерациите

вклучено . Објавено во Соопштенија

Следствено динамиката за распределба на средствата на националните спортски федерации во смисла на финансирање на дел од нивните програми за работа за оваа година, Советот за спорт, при Агенцијата за млади и спорт, на својата последна седница, определи финансиски средства за поддршка на:

Печати

Агенцијата за млади и спорт донираше спортска опрема во ПОУ д-р Златан Сремец

вклучено . Објавено во Соопштенија

Поповод донацијата од спортски и рекреативни реквизити со куклена претстава, рецитал и многу детски песнички, децата од Посебното основно училиште Д-р Златан Сремец, денеска, 04.12.2012 година (ВТОРНИК), во 9 часот го пречекаа директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, заедно со студентите од Филизофскиот факултет-Скопје, од отсекот Социјална работа и социјална политика, како и триесетина волонтери на Црвениот крст центар.

Печати

Одржана јавна расправа за Програмата за развој на спортот 2013-2017 година

вклучено . Објавено во Соопштенија

На 03.12.2012 година во 11 часот во просториите на Агенцијата за млади и спорт на беше организирана јавна расправа на темата Програма за развој на спортот во Република Македонија за периодот од 2013-2017 година.

Печати

Директорот Поповски го одбележа Меѓународниот ден на лицата со хендикеп со децата од ПОУ Идинина

вклучено . Објавено во Соопштенија

По повод Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, денеска (03.12.2012), директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, во придружба на министерот за образование и наука, м-р Панче Кралев, го посети Посебното основно училиште Иднина во општината Чаир.

Печати

Прием на женската ракометна репрезентација

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска, (13.12.2012 година), во 11 часот и 15 минути во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прием на националниот женски ракометен тим. На приемот, директорот на Агенцијата за млади и спорт г-динот Лазар Поповски упати срдечни честитки до националниот женски ракометен тим за заложбата која ја даде во рамки на Европското првенство во Србија.

Печати

Градежните работи за спортската сала во Велгошти во финална фаза

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт, продолжува со интензивната динамика да работи на адаптација и реконструкција на спортската сала во Велгошти, Охридско.

Според досегашните извршени градежни работи, спортската сала би требало да биде готова пред предвидениот рок, доколку тоа го дозволат временските услови.

Агенцијата за млади и спорт, во јули оваа година, им вети на жителите на Велгошти дека ќе добијат реконструирана и соодветно адаптирана спортска сала и непрестано работи на оваа реализација.

Печати

Интервју со д-р Саша Димитријевиќ- Селектор на машката кошаркарска селекција на Спортската Академија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Димитријевќ: Потенцијал во младите има, а дали ќе станат врвни спортисти ќе покаже времето
Родителите кои имаат талентирани деца треба да дозволат своите деца да ги тренираат врвни тренери со соодветно обрзование. Тоа е првиот и последен услов за тој нивни талент да се избруси на најдобар начин- вели д-р Димитријевиќ

Печати

НР Кина и донираше бадминтон и пинг-понг опрема на Агенцијата за млади и спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска, 04.12.2012 година (вторник), во 10 часот и 30 минути во просториите на Агенцијата за млади и спорт официјално беше предадена донацијата од Народна Република Кина, на Република Македонија, преку Агенцијата за млади и спорт, во бадминтон и пинг-понг опрема.

Печати

Oдржана едукативна спортска работилница на тема: „Кошарка“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Монтесори центарот ја реализираше третата едукативна спортска работилница на тема:„Кошарка“. Работилницата се одржа на 01 декември (сабота), и на истата присуствуваа 15 деца на возраст од 4 до 10 години под водство на двајца Монтесори педагози од Македонското Монтесори Здружение, а во соработка со кошаркарскиот клуб „Водњански лисици“.

Печати

2 сребрени и 1 бронзен медал од Европско Првенство, Букурешт, Романија

вклучено . Објавено во Соопштенија

 Македонската КИК БОКС РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА постигна голем успех на Европското првенство во Букурешт освојувајки 3 медали , од кои 2 сребрени и 1 бронзен медал.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија