Агенцијата за млади и спорт продолжува со реализација на проекти за млади
“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја поттикнат поетската кретивноста на младите.По тој повод, денес во просториите на АМС се доделија наградите за најдобрите творби.
Директорот Наумче Мојсовски ги поздрави младите поети и им честиташе за инспиративните мислии истакна дека пријатно е чувството да се биде со толку инспиративни млади луѓе, кои своите мисли ги преточуваат на лист хартија и творат поезија.