КК Струмица преминува во целосна сопственост на општината
Советот на општина Струмица на денешната редовна седница, меѓу другото, донесе Олука со која ги презема основачките права на акционерското друштво за спортска дејност Кошаркарски клуб “Струмица”. Тоа значи дека уште еден кошаркарски клуб во Македонија е трансформиран во акционерско друштво, односно онака како што налага законот. Сепак, во моментов не е познато колку кошаркарски суперлигаши го имаат исполнето овој услов и дали ќе ги има во доволен број за да се одржи лигата. Кошаркарската сезона обично започнува околу средината на октомври, но се уште не е познат календарот ниту официјалниот термин кога ќе биде стартот. Прво, потребно е да се види дали има доволен број на екипи регистрирани како АД. Во пракса, досега како сопственици интерес покажаа само општините, додека вистински приватни инвеститори реално нема во кошарката и во спортот воопшто.