Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Слајдови на насловна

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод...

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Кошаркарско игралиште во Аеродром

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски направи увид во...

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Мојсовски се сретна со нашиот...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

Избрани се најдобрите од конкурсот "Млади уметници" во две возрасни...

Избрани најдобрите од конкурсот

Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

“Млади поети” е еден од проектите кои имаат за цел да ја...

  • Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

    Прием за македонската таеквондо олимписка надеж Дејан Георгиевски

  • Кошаркарско игралиште во Аеродром

    Кошаркарско игралиште во Аеродром

  • Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

    Најдобриот млад иноватор на прием во АМС

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади уметници"

  • Избрани најдобрите од конкурсот

    Избрани најдобрите од конкурсот "Млади поети"

Печати

Дочек на Оливера Наковска Бикова на Аеродром Александар Велики

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувани

Агенцијата за млади и спорт заедно со Тав Аеродроми ќе организира дочек за златната од Лондон Оливера Наковска Бикова на Аеродромот Александар Велики. Оливера Наковска Бикова пристигнува на Аеродромот Александар Велики на ден 08.09.2012 г. САБОТА во 11.40 часот. Со почит Одделние за односи со јавноста

Печати

Носители на Државна награда "8 Септември"

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прес-конференција, на која јавноста беше информирана за носителите на државната награда “8 Септември”. На прес-конференцијата учество земаа директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски,  проф. д-р Зоран Радиќ – претседател на Одборот за доделување на државната награда ”8 Септември ”, Сашо Поповски и Горан Милковски - членови на Одборот.

 

Печати

Национално спортско признание од Агенцијата за млади и спорт за Оливера Наковска Бикова

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувана Оливера,

 

Оваа честитика претставува благодарност од целата македонска нација, за освоено прво место во стрелаштво  на Параолимписките игри во Лондон.  

Како голем спортист кој успешно настапува на сите меѓународни натпревари, поставувајќи нов светски рекорд во дисциплината стрелање со воздушен пиштол со растојание од 10 метри во Лондон, покажавте како се бранат боите на македонското знаме. Вашиот успех, несомнено ќе претставува инспирација за сите млади и идни спортисти.

Печати

Агенцијата за Млади и Спорт и го честита освоеното злато на македонската стрелачка, Оливера Наковска Бикова

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Агенцијата за млади и спорт и го честита освоеното злато на македонската репрезентативка, Оливера Наковска Бикова на Параолимписките игри, кои што годинава се одржуваат во Лондон.  

 

Печати

Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт во посета на младинскиот камп „Насликај мир“

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија


Директорот на Агенцијата за млади и спорт денеска ги посети учесниците на Младинскиот камп „Насликај мир“ , кој се реализира како дел од проектот „Младински Мировни Амбасадори“ инициран и спроведен од страна на Советот на Европа...

Печати

Активности - Спортско Лето Струга 2012

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија


Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Лазар Поповски, денеска заедно со пливачките легенди и добитници на Национално спортско признание,Томи Стефановски и Нико Нестор ,Претседателот на Федерацијата за училишен спорт, проф. д-р. Александар Туфекчиевски и претставници на Организациониот Одбор , Лилјана Затуроска и Ѓорѓи Илоски ги посетија учесниците во проектот „ Спортско Лето Струга 2012“ кој од 7-27 август се одржува во Струга.

Печати

Демант на изјавата на Марјан Начевски, објавена во Весникот „Ден“

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт ја демантира изјавата на Генералниот секретар на Ракометната Федерација на Македонија,  г-дин Марјан Начевски објавена во Весникот „Ден“ од 23.08.2012 г , во која е наведено дека  Ракометната Федерација на Македонија  има начелен договор со Директорот на Агенцијата за одложување на рокот за пререгистрација на ракометните клубови.
Печати

Одржана седница на Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска (22.08.2012) во  просториите на Агенцијата за млади и спорт, беше одржана редовна работна седница на  Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени.

На седницата, членовите го осудија неодамнешниот настан во кој група навивачи  предизвикаа  инцидент на железничката станица „Скопје – Север“ и апелираа за посовесно однесување од страна на навивачите.

 

Печати

ЗАПОЧНА СПОРТСКО ЛЕТО СТРУГА 2012

Напишано од Ана Трпеска вклучено . Објавено во Соопштенија

Дел од олимписките дисциплини од денес пред стружани.  Започнува Спортското лето Струга 2012. Овој проект кој го организира и помага Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија годинава се одржува за прв пат, но од таму изразија надеж дека Спортското лето ќе продолжи и во иднина.
 
Бевме на повеќе локации неколку пати, но ја избравме Струга. Мислам дека не згрешивме во изборот, бидејќи Струга е спортски град со голема традиција.“-рече директорот на агенцијата за млади и спорт, Лазар Попоски.
Печати

СПОРТСКО ЛЕТО СТРУГА 2012

Напишано од Ана Трпеска вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувани дечиња, граѓани и љубители на спортот, 

Со почеток од 07 Август 2012 година започнува со одржување спортската манифестација "СПОРТСКО ЛЕТО СТРУГА 2012" која ќе трае до 27 Август 2012 година. Местото на одржување ќе биде Машка и Женска Плажа во Струга.
Преку оваа спортска манифестација во Струга, ќе имате можност бесплатно да изберете и да спортувате некој од следните спортови: ватерполо, пливање, нуркање, едрење, кајак, одбојка, бадминтон, пинг понг.
Подетални информации за спортската манифестација СПОРТСКО ЛЕТО СТРУГА 2012 и за распоредот на спортови, можете да добиете на следните телефони:  070/ 380 366 и 078/ 276 969
Печати

ЧЕСТИТКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ ДО ДЕЦАТА ОД ДОМОТ "11 ОКТОМВРИ " - СКОПЈЕ

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувани драги дечиња, идни репрезентативци,

Оваа честитика претставува благодарност и поддршка од целата јавност, за Вашата мотивирана и борбена игра за успешните настапи на Европското куп-финале на детски домови – Унгарија 2012.  

На натпреварот со останатите екипи покажавте како се игра со срце за Македонија и како се претставува Република Македонија под уставно име.

Печати

Конкурс за доделување на државна награда "8 СЕПТЕМВРИ" во 2012 година

Напишано од Ана Трпеска вклучено . Објавено во Соопштенија

Одборот за доделување на државната награда „8 Септември”, врз основа на членoвите 24 и 29 од  Правилникот  за работа на Одборот за доделување на наградата „ 8 Септември“ распишува К О Н К У Р С за доделување на државната награда „ 8 Септември “ во 2012 година.

Со државната наградата “8 Септември” се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници  за остварувања во областа на спортот.

Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија