Општина Василево доби ново спортско игралиште
На ден 12.07.2012 година (ЧЕТВРТОК), на свечен начин, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, заедно со заменик министерот за локана самоуправа г-дин Сашо Лазаровски, државниот секретар во министерството за животна средина, г-ѓа Соња Липиткова и директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Лазар Поповски, го пуштија во употреба новоизграденото повеќенаменско игралиште во центарот на Пиперево.