Доделени средства на спортските федерации од Игрите на среќа

Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт беа потпишани Договорите за финансирање на спортските федерации од средствата утврдени во Законот за игрите на среќа и за забавните игри. На потпишувањето присуствуваа претставници од Фудбалската, Ракометната, Кошаркарската и Карате федерацијата на Македонија, кои изразија задоволство од третманот кој го добиваат од АМС, а во насока на развој на спортот и меѓународните активности на репрезентациите.
Директорот на АМС, Марјан Спасески потенцираше дека преку измените во Законот за игрите на среќа и за забавните игри се овозможија нови стабилни извори за финансирање на спортските федерации.


















