Усвоен предлог Закон за младинско учество и младински политики
Собранието го усвои предлог законот за младинско учество и младински политики.
За прв пат во нашата држава имаме закон за млади, со кој се третираат нерегулираните прашања од областа на младите.
Ова законско решение беше креирано со вклученост на сите засегнати страни, кои беа дел од целиот процес од самиот почеток.