Каевски се обрати на финалната конференција на Евро - Атлантскиот Совет на Македонија
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на покана на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија учествуваше на финалната конференција на тема “Оспособување на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки.
Каевски потенцираше дека со оспособувањето на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки ќе се придонесе кон изградбата на младински капацитети и идни лидери и креатори на политики, со цел поддршка на демократските вредности, доброто владеење и вклученоста на поширокото општество во процесите на донесување одлуки во државата.