Сектор за финансиски прашања
Сектор за финансиски прашања во својот делокруг на работа ги опфаќа следните активности:
1. Ги координира и организира активностите од областа на финансиско-материјалното работење кои претставуваат системска поддршка за реализација на активностите на останатите организациони облици (сектори и одделенија) во Агенцијата,
2. Финансиско-материјалното работење ги опфаќа следните активности: донесување и реализација на финансискиот план на Агенцијата, имплементирањето на системот на финансиско управување и контрола што опфаќа приемот, изработка, евидентирањето и следењето на финансиски документи согласно постојните законски прописи, контролата и сметководственото евидентирање на финансиското и материјалното работење