Национална конференција за промовирање на активностите против говор на омраза

Национална конференција за промовирање на активностите против говор на омраза
Настанот е организиран од Националниот комитет против говор на омраза, a поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје со цел претставување на активностите и ресурсите на сите национални институции и организации против говорот на омраза во Република Македонија.
На конференцијата ќе бидат претставени резултатите од активностите, а воедно ќе бидат дискутирани и натамошните активности, како и можности за натамошно воспоставување соработка меѓу вклучените страни.











