Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Артикли

Печати

Заврши државното првенство во фудбал за основни училишта (женски). Победник е ООУ“СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ МАКЕДОНСКИ БРОД

вклучено . Објавено во Соопштенија

Заврши државното првенство во фудбал за основни училишта (женски). Победник е ООУ“СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ МАКЕДОНСКИ БРОД. Во прилог се резултатите:

ЕКИПИ – УЧЕСНИЦИ ГРАД НАСТАВНИК
1. ООУ “НИКОЛА ВАПЦАРОВ “ С т р у м и ц а Верица Аљокова-Костова
Васко Ѓорѓовски
2. ООУ “ БАЈРАМ ШАБАНИ “ К у м а н о в о Мустафа Ебиби
3. ООУ “ ВЕРА ЈОЦИЌ “ С к о п ј е Милевка Андоновска
4. ООУ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ Македонски Брод Јовица Блажески

Печати

Се одржа најмасовниот училишен крос во Македонија

вклучено . Објавено во Соопштенија

Во заедничка акција на Министерство за образовани и наука, Агенцијата за млади и спорт, Федерацијата за училишен спорт, Атлетската федерација на Македонија и Сојузот на спортски федерации денеска на кејот на реката Вардар почна најмасовниот училишен крос од независноста на Република Македонија со учество на околу 4.000 илјади учесници.
Кросот свечено го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески кој во своето обраќање уште еднаш ја повтори заложбата на државата за унапредување на спортот меѓу најмладите.
- Задоволство е кога на едно место ќе бидат огромен број на ученици кои што сакаат да спортуваат и да се натпреваруваат. Присуството на околу четири илјади ученици кои ќе се натпреваруваат меѓу себе доволно говори колку е голема желбата за спортување. АМС водејќи грижа за развој и популаризација во спортот настојува да се приближи до современите светски текови за унапредување на спортот во државата. Спортот има големо влијание врз младите луѓе, особено во нивниот правилен развој и развивање од психо-физички аспект, рече Спасески.

Печати

Се одржа финалето за основни училишта во фудбал

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес на градскиот стадион во Тетово се одржа финалето за основни училишта во фудбал. Во финалето училишната екипа на ОУ "Св.Климент Охридски" од Мак.Брод ја победи училишната екипа на ОУ "Братство Миѓени" од Тетово на пенали 4:3. На третото место се пласира училишната екипа на ОУ"Никола Карев" од Радовиш.

Печати

Се одржа 9-тата по ред Гимназијада во Охрид

вклучено . Објавено во Соопштенија

Со одигрување на финалните натпревари заврши осмата по ред вкупно 20-та „Гимназијада“ која се одржа во Охрид.

1000 учесници продефелираа на спортските терени и сали се одиграа повеќе од 100 натпревари во сите спортови и се постигнаа врвни резултати.

Печати

Средба на директорот Спасески со познатиот НБА тренер Ренди Фанд

вклучено . Објавено во Соопштенија

Познатиот НБА тренер Ренди Фанд, кој се наоѓа во посета на Македонија, денеска беше примен во Агенцијата за млади и спорт од страна на директорот Марјан Спасески. На средбата се разговараше за идните насоки на дејствување во развојот на македонската кошарка. Ова е трето доаѓање на американскиот стратег во нашата земја.

Печати

Младински лидерски форуми организирани од ОБСЕ/ОДИХР

вклучено . Објавено во Соопштенија

Почитувани,

Во наредниот период ќе се одржат два лидерски форуми во рамките на проектот на ОДИХР за стимулирање на политичко учество на младите во регионот на ОБСЕ.
Првиот од двата настани ќе се одржи во Варшава на 16 и 17.06.2014 година, со учество на млади лидери од Југоисточна, Централна и Западна Европа,како и од Северна Америка, додека пак вториот настан е наменет за млади лидери од ИСточна Европа, Централна Азија, Монголија и Јужен Кавказ. Одржувањето на вториот форум зависи од прибирањето на доволен фонд на финансиски средства.

Печати

АМС со поддршка за одбојкарската репрезентација

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со претседателот на Одбојкарската Федерација на Македонија Петар Јовановски и ген.секретар Зоран Карановиќ.Тема на средбата беше обезбедувањето поддршка за македонската одбојкарска репрезентација за престојните квалификации за Европското првенство кое ќе се одржи во Италија и Бугарија.

Печати

Заврши Скопски Маратон 2014 Скопје

вклучено . Објавено во Соопштенија

Емануел Самал и Луси Вамбуи од Кенија се победници на Скопскиот маратон.
Емануел Самал прв ја истрча маратонската трка долга 42 километри со рекордно време од 2:14.24 часа.Второто и третото место им припадна на Џулиус Кипруто Куто и Даниел Мванги, исто така од Кенија.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија