Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Артикли

Печати

Државна награда за спортот "8 Септември"

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, се одржа прес-конференција, на која беа презентирани активностите за доделување на државната награда ”8 Септември ”.Одборот во состав проф. д-р Зоран Радиќ - претседател, проф.д-р Ленче Алексовска - член и Арѓент Беќири - член ја објаснија потребата од воведување на ваква државна награда која ќе ги опфати спортистите, тренерите, селекторите и спортските работници во Република Македонија. На прес-конференцијата учество зема и директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски.

Печати

АМС апелира за достојно спортско навивање на фудбалскиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите помеѓу ФК Вардар и ФК Бате Борисов

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

По повод денешното одигрување на фудбалскиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите помеѓу ФК Вардар и ФК Бате Борисов, АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ АПЕЛИРА до секој љубител на фудбалот кој ќе го проследи натпреварот, за целосно почитување на одредбите од Европската конвенција за насилството и недостојното однесување на гледачите за време на спортските натпревари, особено на фудбалските натпревари како и на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските  натпревари. 

Печати

Одржана седница на Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени на ден 23.07.2012 година со почеток во 09.00 часот во просториите на Агенцијата за млади и спорт одржа седница на која беа присутни :

  • Жаклина Просароска - сектор за Полиција и криминалистички работи при МВР;
  • Силвана Карбеска - Ракометна федерација на Македонија;
  • Димче Гаштарски - сектор за Односи со јавноста при МВР;
  • Кирил Соколов - Кошаркарска федерација на Македонија и
  • д-р Константин Ангеловски - Агенција за млади и спорт.
Печати

ЧЕСТИТКА ДО ФК ВАРДАР

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

По повод формирањето на најтрофејниот македонски фудбалски клуб ФК Вардар, на 22 јули 1947 година, дозволете да упатиме срдечна и искрена честитка до сите кои помогнаа брендот ФК Вардар успешно да функционира низ 65-годишната историја.

ФК Вардар низ 65-годишната историја даде голем придонес за промовирање на вредностите и негување на македонскиот спорт и се покажа како вистински пример за афирмацијата на градот Скопје и Република Македонија на меѓународен план.

Печати

Струга домаќин на 40-от меѓународен ракометен турнир

Напишано од Super User вклучено . Објавено во Соопштенија

Во градот Струга, кој е познат по браќата Миладиновци и по Струшките вечери на поезијата, од 15 до 18 август 2012 година ќе биде познат и по 40-от по ред меѓународен  ракометен турнир.  По тој повод се одржа пресконференција во хотел Дрим, на која прес-конференција беа презентирани активностите и деталите за 40-от традиционален  ракометниот турнир.

Годинава организациониот одбор со подршка од Агенцијата за млади и спорт успеа да го подигне нивото на турнирот на многу повисоко ниво за разлика од минатите години.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија