Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Артикли

Печати

Соработка меѓу АМС и младинските организации – приоритет се младинските политики

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sredba ms

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска се сретна со Националниот младински совет на Македонија, со дел од младинските организации членки на НМСМ.

На средбата се разговараше за Регионалната младинска канцеларија за соработка (RYCO), која има за цел да овозможи мобилност, размена и помирување меѓу младите од Западен Балкан.

Печати

Одржана обука за Информатички спортски систем

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams obuka

Агенцијата за млади и спорт ги остварува зацртаните проекти во кои посебен дел имаше формирањето на Информатичкиот спортски систем, како база на информации поврзани со работите на Агенцијата и спортот во Македонија. Целта е секој граѓанин со само еден клик да има пристап до информациите поврзани со активностите на Агенцијата за млади и спорт, но и со активностите на сите национални спортски федерации.

Печати

Прием во АМС за летечкиот Иџе

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams priem idze web 1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за најдобриот автомобилист во Македонија, победникот од Нирбургринг. Резултатите од последните две трки го  внесоа во борбата за европската титула.

Лидерот на табелата, Кристјоханес Шрајбер, благодарение на пол позицијата освои три бода на оваа трка, а во двете возења остана без бодови поради дефект. Така тој стигна до 44 бода, Петр Фулин има 43, а Стефановски е трет со 33 бода.

Печати

Сите информации за спортот во Република Македонија на едно место

вклучено . Објавено во Соопштенија

Informaticki sportski sistem

Агенцијата за млади и спорт го промовираше новиот лик на веб-сајтот – Информатички спортски систем (iss.mk), кој има за цел на пошироката јавност да и ги презентира сите информации поврзани со македонскиот спорт, спортските федерации и клубови, стручните лица, спортските објекти, спортските стипендии, награди и признанија кои ги доделува АМС, традиционалните спортски манифестации и сите активности кои ги презема оваа државна институција во делот на спортот.

Печати

Една година од потпишувањето на РИКО, младите повторно главен приоритет

вклучено . Објавено во Соопштенија

Darko Kaevski 33

Денеска се наврши една година од потпишувањето на Спогодбата за формирање на Канцеларијата за регионална младинска соработка (RYCO).
По тој повод во просториите на Резиденцијата на Амбасадата на Франција се одржа прес-конференција на која свое учество земаа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и и амбасадорите на Франција, Австрија, Германија и Италија кои заедно ја истакнаа важноста на воспоставувањето на RYCO.

Печати

Агенцијата за млади и спорт ги додели наградите за “Најдобар млад програмер”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams inf 1 web 1

Агенцијата за млади и спорт во соработка со ФИНКИ и Здружениетo на информатичари на Македонија трета година по ред го реализираа проектот наречен “Најдобар млад програмер”. По тој повод денес во просториите на Агенцијата се доделија ваучерите за петте најдобри млади програмери.


Печати

Вицешампионот од Балканско карате првенство на прием во АМС

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams priem vukasin

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески го прими најмладиот каратист, учесник и добитник на сребро од Балканско првенство во карате за деца до 13 години,кое се одржа во Истамбул од 19-21 мај. Вукашин Јовановиќ (-53кг), е роден 2006 година, настапува за КК Шампион од Крива Паланка и е член на Македонската карате репрезентација за деца до 13 години, која на Балканското во Истамбул освои 3 златни, 5 сребрени и 7 бронзени, вкупно 15 медали.

Печати

Јавен повик за натпревар за најдобро видео во рамките на Националната кампања „Информирај се сега!“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“ Коалиција СЕГА со  Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) и Универзитетот Гоце Делчев, Штип организираат Натпревар за најдобро видео кое најдобро ќе ги прикаже перфомансите на мобилната апликација Млади АМС.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија