Директорот Спасески во обиколка на градежните активности на повеќенаменските игралишта

Денес директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески направи обиколка за целосен увид во напредокот на изведбата на градежните активности на повеќенаменските игралишта што ги гради Агенцијата за млади и спорт во Скопје. Посетени беа повеќенаменските игралишта во Општина Аеродром (ОУ “Александар Македонски”), Општина Бутел (ул.Мара Междуречка), Општина Кисела Вода (нас.Црниче) и Општина Чаир (ОУ”Никола Вапцаров”) каде во тек се одвиваат градежни активности.














