Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Артикли

Печати

Договор за соработка помеѓу АМС и Факултетот за безбедност

вклучено . Објавено во Соопштенија

-      ams sredba fak bezbednost web 2

     

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски оствари работна средба со челните луѓе од Факултетот за безбедност, Продекан доц. д-р Марјан Ѓуровски и доц. д-р Јонче Ивановски.

Целта на разговорот беше договарање на соработка на факултетот со Агенцијата за млади и спорт, која ќе биде насочена кон зголемување на безбедноста во спортот, особено кај младите преку едукација, создавање професионален кадар, спроведување на истражувања од областа на безбедноста, како и развој и реализација на заеднички проекти.

Планирани се седум столбови на соработка:

      Вклучување на Факултет за безбедност  - Скопје во обуката и едукацијата во делот на безбедноста во спортот

-       Исражувања за причините и последиците од заканите и насилството кај младите и спортските натпревари

-       Официјална советодавна форма на Факултет за безбедност за Агенцијата за млади и спорт

-       Дијалог и дебата (конференции, месечни дебати, трибини) за младите и спортот

-       Студиска програма и модули за спортските работници, здруженија и навивачки групи, заедно со МВР за безбедноста во спортот и младите

-       Зајакнување на концептот на приватната безбедност со поддршка на МВР во обезбедување на спортските натпревари

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија