Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Артикли

Печати

Зголемена поддршка за Охридскиот пливачки маратон

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams oh maraton web 2

Во сабота, во Охрид ќе се одржи 31-то издание на Охридскиот пливачки маратон.

Ова традиционално спортско натпреварување е дел од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација.

Оваа година, прекрасниот Охрид е домаќин на вкупно 22 натпреварувачи. 15 натпреварувачи во машка и 7 во женска категорија.

Повторно ќе бидеме сведоци на одличната физичка и психичка подготвеност на натпреварувачите, кои во охридските води ќе го манифестираат натпреварувачкиот дух, фер плејот и желбата за успех.

Поради состојбата и последните случувања околу пливачкиот маратон во Охрид, оваа година, Агенцијата за млади и спорт одлучи да издвои двојно повеќе финансиски средства со цел да се одржи континуитетот на оваа традиционална манифестација.

Работиме на подобрување на состојбата во пливањето и водените спортови, заедно со домашните федерации и професионалните спортисти докажани во оваа област.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија