Посета на ОУ "Наум Наумовски Борче"
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески беше во посета на ОУ "Наум Наумовски Борче". Цел на посетата беше да изврши увид во искористеноста на спортската сала "Методија Андонов Ченто" која е изградена од страна на Агенцијата за млади и спорт и Владата на РМ и на новото повеќенаменско игралиште од проект"Изградба на 100 повеќенаменски игралишта".
Воедно ја искористи приликата да даде интервју за МТВ Телевизија. Во своето интервју даде осврт за искористеноста на спортските сали и потенцираше дека најголемо внимание во наредниот период Агенцијата за млади и спорт ќе посвети на училишниот спорт и формирање на училишни спортски клубови.








