Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Артикли

Печати

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦА „ПРИФАТИ, ТОЛЕРИРАЈ, НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ!“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Младинската организација „Младите можат“ објави повик за учество во еднодневната работилница на тема „Прифати, толерирај, не дискриминирај!“ која ќе се одржи на 2 април.

Повик за учество во работилница „Прифати, толерирај, не дискриминирај!“

Право на учество имаат сите заинтересирани средношколци, а целта на оваа работилница е да се соберат на едно место млади, припадници на различни етнички групи и заедно, преку дискусија, дијалог и неформални методи да придонесеме за намалувањето на дискриминацијата, за подобрување на соживотот и да ја поттикнеме толеранцијата меѓу младите.

„Дали сме навистина различни? Кој вели дека не можеме да бидеме толерантни? Да му покажеме на општеството дека ваква промена е возможна! Веруваме дека во сите нас постои моќ за да предизвикаме промена, потребна е само желба. Ајде сите заедно да ја започнеме борбата против дискриминацијата, бидејќи добро општество значи хармонично општество“, порачуваат од „Младите можат“.

Краен рок за аплицирање е 28 март, до кога треба да се пополни апликацијата на следниот линк:

https://docs.google.com/a/mof.org.mk/forms/d/1ORna3MfisxCcWZVyLKpET6U7yLa_6GgE611-0ysGbrU/viewform

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија