Посета на Општина Илинден по повод започнувањето на финалниот турнир од државното првенство во футсал за ОУ
Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски по повод развој на училишниот спорт и започнувањето на финалниот турнир од државното првенство во футсал за основни училишта.
Директорот Спасески го информираше Градоначалникот Стојановски дека во наредниот период Агенцијата за млади и спорт главен акцент ќе посвети на развојот на училишниот спорт особено во зголемувањето на учество на учениците во училишниот спорт.
Градоначалникот Стојановски истакна дека Општина Илинден претставува пример за развој на училишниот спорт, особено што спортските терени кои ги направи Агенцијата за млади и спорт (спортската сала "Гоце Делчев", двете фудбалски игралишта, четирите тениски игралишта и повеќенаменското игралиште) се постојано исполнети од утринските до вечерните часови. Стојановски додаде дека е формиран и Сојуз на училишен спорт на Илинден, каде се грижи за развој на училишниот спорт а бројот на учество во училишниот спорт на учениците изнесува 35% од вкупниот број на ученици.
По завршувањето на средбата, Директорот Спасески и Градоначалникот Стојановски се упатија во спортската сала Гоце Делчев во Илинден каде свечено го означија почетокот на финалниот турнир од државното првенство во футсал кое ќе се одржи во периодот од 27 до 29 март а учество ќе земат:
ОУ „ БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ “ – н.ИЛИНДЕН
ОУ „ТЕФЕЈЈУЗ“ - ЧАИР– СКОПЈЕ
ОУ „ТОШО АРСОВ “ – ШТИП
ОУ „11ти ОКТОМВРИ“ – КУМАНОВО
ОУ „ТОШО ВЕЛКОВ-ПЕПЕТО“ – КАВАДАРЦИ
ОУ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ-ПИТУ“ – КИЧЕВО
Завршните натпревари ќе се одржат во Сабота (27.03.2014 година).








