Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Артикли

Печати

Обраќање на Директорот Спасески во вестите на МТВ телевизија преку директно вклучување

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Во пресрет на 6-ти април, денот кој што Меѓународната организација, пред се Обединетите нации го одбележуваат како Меѓународен ден на спортот, Агенцијата за млади и спорт во соработка со неколку институции и организации изминатите неколку дена го одбележа овој ден.

„Ако во моментов имаме некаде од 8 до 10% вклученост на младите во училишниот спорт во наредните години наша определба е овој процент да стигне до 36%, односно до 2016 година да придонесеме 100.000 млади луѓе од вкупната училишна популација да се занимаваат со спортски училишни активности“, рече Спасески.

Ако пред десеттина години општа констатација беше дека македонскиот спорт и македонските клубови немаат вистински услови за развој, денеска сериозно се променети работите во позитивна насока, додаде директорот на Агенцијата за млади и спорт.

„Не постои населено место каде што не се изградија спортски игралишта, спортски сали, фудбалски и тениски терени или пак повеќенаменски игралишта. Практично не постои општина во Република Македонија каде што не се создадени услови за развој на врвни млади талентирани спортисти“, изјави Спасески.

Во оваа насока директорот на Агенцијата за млади и спорт нагласи дека Владата на Република Македонија преку Агенцијата ќе продолжи со инвестирање во спортската ионфраструктура како насока за создавање база за развој на талентирани спортисти кои ќе ја претставуваат државата надвор од нејзините градници.

Линк за видеото: 

http://play.mrt.com.mk/play/13601/

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија