Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Артикли

Печати

Населбата “Методија Андонов-Ченто” во Општина Гази Баба ќе добие нова спортска сала

вклучено . Објавено во Соопштенија

Нова спортска сала започна да гради Агенцијата за млади и спорт во населбата “Методија Андонов-Ченто” во општината Гази Баба. Спортската сала ќе биде изградена во дворот на основното училиштето ”Крсте Мисирков” и ќе биде изградена според меѓународни стандарди со димензии 20x40 метри за одигрување кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, тенис. Истовремено, салата ќе биде опремена со реквизити за гимнастика и

пинг-понг, а ќе се изградат и трибини со капацитет од 500 гледачи. 

Спортската сала ќе може да ја користат сите спортски клубови, спортисти и ученици. Часовите по физичко воспитување, нема повеќе да се одржуваат во места каде нема елементарни услови, туку во нормални услови, во модерна сала и со најсовремена спортска опрема. Со изградбата на салата, Агенцијата за млади и спорт ќе придонесе да се родат многу спортски таленти во оваа општина.

Инаку, со оваа спортска сала се заокружува проектот “Изградба на 35 спортски сали низ државата на Агенцијата за млади и спорт”.

Агенцијата за млади и спорт не застанува тука, ќе продолжи со уште позасилено темпо со изградба на нови спортски сали и адаптација и санација на постојните спортски сали.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија