Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Артикли

Печати

По повод остварениот успех и пласманот на ЕП, директорот на АМС Марјан Спасески организираше прием на младинската ракометна репрезентација

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески по повод пласманот на Европското првенство за младинци во Австрија организираше прием за младинската ракометна репрезентација во АМС. 


Директорот Спасески најпрвин им го честиташе големиот успех на селекторот Зоран Петковски и на младите ракометари и истакна дека пласманот на Европското првенство, претставува ушта поголема сатисфакција поради тоа што е изборен со стопостотен учинок со три победи против Италија, Грција и Исланд, и конечно после 10 години, младинците ќе играат на Европско првенство. 
Директорот Спасески додаде дека Македонија не треба да стравува за ракометната иднина зошто ги доби и идните сениорски репрезентативци и наследници актуелните Кире Лазаров, Наумче Мојсовки, Филип Миркуловски, Ванчо Димовски и останатите репрезентативци.


Селекторот Зоран Петковски и младите репрезентативци се заблагодарија за приемот во Агенцијата за млади и спорт и додадоа дека ќе дадат се од себе од Европското првенство да се вратат со едно од првите три места.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија