Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Артикли

Печати

Започна националната кампања за борба против допингот во спортот

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска во просториите на ФФМ, во присуство на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, со презентација на досегашните активности кои ги презема Агенцијата за млади и спорт во борбата против допингот започна Националната кампања против допингот во спортот. 


Република Македонија ја има ратификувано Меѓународната конвенција за борба против допингот на УНЕСКО на 19 август 2008 година.
Со нејзината ратификација, Република Македонија, покрај останатите, презеде обврски и за воведување ефективна и ефикасна национална програма за тестирања, односно, допинг контроли.
Токму во таа насока, Агенцијата за млади и спорт, преку Националната анти-допинг комисија, по повеќемесечна соработка и во координација со Светската анти-допинг агенција успеа да добие грант од УНЕСКО од „Фондот за елиминација на допингот во спортот“ во износ од 20.000 долари, за реализација на Национална кампања за борба против допингот во спортот.


-“Практично со денешната презентација за допингот во спортот од страна на проф. Зоран Ханџиски, кој е член на Националната анти-допинг комисија иницијално ја започнуваме кампањата против допингот во спортот. Целта е низ семинари, работилници и останати облици на собири каде ќе се вршат предавања и едукативни сесии, како и низ печатени материјали и медиумска кампања, да се подигне свесноста за штетните последици од допингувањето, свесноста за важноста од зачувувањето и негувањето на спортската етика и фер-плејот како и свесноста за последиците по кариерата на спортистите кои произлегуваат кога надлежните ќе констатираат употреба на допинг средства” – потенцираше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

 

Тој информираше дека во 2013 година, Агенцијата за млади и спорт заедно со Националната анти-допинг комисија во 2013 година извршила 30 допинг контроли на ракометари и ракометарки од клубовите Вардар и Металург, но и на спортисти-учесници на ланското ЕП во борење, кое се одржа во Скопје.

“-Резултатите од овие допинг-контроли беа негативни, што особено не радува и ни дава дополнителен мотив да продолжиме со едукацијата на спортистите, стручните лица и медицинскиот персонал вклучен во следењето на нивното здравје и нивните тренажни процеси, како со и промоцијата на активностите во борбата против допингот во спортот” – заклучи Спасески.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска истакна дека МВР во координација со Агенцијата за млади и спорт соработуваат во делот на борбата против користењето допинг во спортот. Јанкуловска додаде дека користењето на недозволени стимулативни средства освен што е недозволиво и противзаконски, воедно претставува и опасност по здравјето на луѓето, што во одредени ситуации може да доведе до фатални последици со смрт.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија