Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Артикли

Печати

Младите Европски Федералисти (JEF) од неколку европски земји во посета на АМС

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска (07 април) беше одржана посета на Агенцијата за млади и спорт од страна на претставници на Младите Европски Федералисти (JEF) од неколку европски земјиПосетата се одржа во рамки на меѓународниот проект „Толерантна Европа – дефинирање на пречките” - имплементиран од JEF Македонија.

Главната цел на овој проект е истражување и утврдување негативното влијание на национализмот  како и  методите  и техниките кои  младите активни во младински организации ширум Европа ќе можат да ги користат за борба против дискриминација и ксенофобија во Европа.

Во рамки на едночасовната посета, беше одржана презентација на целите и активностите на Агенцијата за млади и спорт во однос на дискриминацијата и нетолеранцијата. Беа презентирани активностите во рамки на Кампањата против говор на омраза, активностите против насилството и  недостојното однесување во спортот, како и други слични проекти кои се имплементирани и поддржани од Агенцијата за млади и спорт. 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија