Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Артикли

Печати

Доделени сертификатите на учесниците во претставата „Апел за...“

вклучено . Објавено во Соопштенија

На 16 април 2014 година во просториите на Агенцијата за млади и спорт беа доделени сертификатите на учесниците во претставата „Апел за...“, чија реализација беше поддржана од Агенцијата за млади и спорт. Сертификатите беа доделени на актерите, авторот, како и средното училиште „Ѓорѓи Димитров“  за специјален придонес во претставата, но и во рамки на Кампањата против говор на омраза, како дел од глобалното движење против говор на омраза.

Претставата за прв пат се одигра во Драмски Театар Скопје на 29 март 2014 година,  во организација на здружението на граѓани PTPI Community Chapter Скопје, со учество на  сегашни , како и поранешни ученици од гимназијата Ѓорѓи Димитров, а нејзин автор е професорката Мартина Лотеска.

Преку претставата беа испратени пораки до младите луѓе, професорите и родителите за подигање на свеста од дискриминацијата, нетолеранцијата и говорот на омраза меѓу младите луѓе. Претставата беше поддржана од Агенцијата за млади и спорт, како национален координатор на Кампањата против говор на омраза во Република Македонија.

На настанот пред учениците беа претставени целите и активностите на Кампањата, како и активностите на Агенцијата за млади и спорт, во делот на младите.  

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија