Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Артикли

Печати

Уште еден голем успех на Македонскиот бадминтон - две Бронзи

вклучено . Објавено во Соопштенија

Македонските бадминтонисти уште еднаш покажаа дека можат да се носат рамо до рамо со најдобрите претставници во своите категории од европските земји.
 
Поточно, за време на Велигденските празнувања 19 и 20 Април, во Белград се одржа големиот меѓународен турнир во јуниорска конкуренција - "Beograd International 2014", на кој учество земаа повеќе од 80 натпреварувачи од 12 земји, меѓу кои Бугарија, Кипар, Хрватска, Турција, Романија,Австрија,домаќинот Србија, Македонија и други.
 
Боите на Македонија на овој турнир ги бранеа нашите најдобри јуниори во категорија до 15 години.
 
За одбележување е настапот на Петар Живковски, Ели Кржаловска и Марта Димовска.
 
Надежниот Петар Живковски, стигна до Бронзениот медал во категоријата машки единечно по победите над претставниците на Романија, Србија и Бугарија, а во борбата за финале беше тесно поразен од натпреварувачот од Хрватска со резултат 16:21 и 18:21.
 
И  нашите две најдобри девојки до 15 години, Ели Кржаловска и Марта Димовска во категоријата женски двојки се закитија исто така со Бронзен медал по победата во борбата за трето место над претставничките на домаќинот Србија во два сета и тоа 21:17 и 21:14.
 
Овој успех, секако ќе биде поттик за уште побрз развој на бадминтонот како спорт во Македонија, позитивен сигнал за Бадминтон Федерацијата  дека се определила за вистинскиот правец и потврда на телата од Европската и Балканската Асоцијација дека со право ни ја доделија организацијата на Балканскиот Шампионат кој ќе се одржи од 11 до 14 септември во Охрид - истакна Претседателот на Бадминтон Федерација-та на Македонија, г-дин Стефановски Диме, честитајќи им го уште еднаш постигнатиот резултат на Петар, Ели и Марта.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија