Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Артикли

Печати

Младинско учество и препораки за идната развојна агенда на Обединетите Нации

вклучено . Објавено во Соопштенија

На 15 декември 2015 година, се одржа младинска конференција на тема  Младинско учество и препораки за идната развојна агенда на Обединетите Нации“. Настанот беше организиран од страна на  Младинската мрежа за врсничка едукацијаY-PEER Македонија, поддржана одФондот за население на Обединетите Нации.

 

Конференцијата беше отворена со излагањата на претставник од УНФПА -  Соња Таневска, претставник од АМС -  Зорица Стаменковска и Стефан Маневски – претставник од младинскиот сектор.

 

Претставникот на Агенцијата за млади и спорт ги истакна заложбите на Агенцијата за млади и спорт за секојдневна комуникација со претставниците на младинските организации во Република Македонија, како и потребата за нивно неопходно вклучување во процесите на креирање политики. Истовремено беше најавен и процесот на креирање на нова Национална Стратегија за млади – процес кој ќе започне во јануари, 2015 година. 

 

 

Дел од конференцијата беа и трите фокусирани дискусии за три приоритетни области од развојната агенда пост 2015 година кои вклучија препораки на младите луѓе кои дискутираа за следните теми:

 

-       Квалитетно образование

 

-       Подобри можности за вработување

 

-       Квалитетно здравство

 

Претставниците на Младинската мрежа за врсничка едукација Y Peer во заклучоците од конференцијата истакнаа дека со оваа конференција е завршена првата фаза од кампањата „Идеите ги споделувам гласно“ која опфати консултации со поголем број на млади луѓе, од различни општини.

 

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија