Стипендија светска категорија
Агенцијата за млади и спорт согласно член 50 од Законот за спортот („Сл. Весник на РМ“ бр. 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11 и 64/12), врши верификација на спортисти од светска категорија.
Спортистите сениори, државјани на Република Македонија, врз основа на постигнати резултати во одреден временски период, се стекнуваат со спортската категорија: спортист од Светска категорија.
Еднаш стекнатата спортска категорија има траен карактер и доживотно му припаѓа на спортистот како титула. Спортската категорија спортистите ја стекнуваат врз основа на остварените резултати на официјалните натпревари, државни првенства, европски и светски првенства, светско универзитетско првенство и летни и зимски олимписки игри. При утврдувањето на спортската категорија се вреднуваат само резултатите остварени на официјални меѓународни натпревари кои се во календарот на европските и светските асоцијации и државните првенства. Спортските резултати кои ги постигнуваат спортистите во сениорска конкуренција, поточно мерилата и критериумите се утврдени во Правилникот за категоризација на спортистите од Република Македонија („Сл. Весник на РМ“ бр. 51/02 и 50/04). Националните спортски федерации должни се навреме да достават комплетна документација за предложените кандидати за категоризирани спортисти.
Спортист од светска категорија
- Иво Цветковски – Карате
- Ардита Исени Ризни – Карате
- Огнен Груевски – Карате
- Наташа Илиевска - Карате
- Жарко Арсовски – Карате
- Примислав Димовски - Бокс
- Вели Мумин – Бокс
- Мартин Несторовски – Карате
- Димитар Мираковски - Кошарка
- Владо Илиевски – Кошарка
- Бо Лестер Мек’кејлеб - Кошарка
- Војдан Стојановски – Кошарка
- Дамјан Стојановски - Кошарка
- Марко Симоновски – Кошарка
- Тодор Гечевски – Кошарка
- Перо Антиќ - Кошарка
- Ивица Димчевски – Кошарка
- Ѓорѓи Чековски – Кошарка
- Предраг Самарџиски – Кошарка
- Дарко Соколов - Кошарка
- Андреј Стојаноски - Пливање на првенства за лица со оштетен слух
- Берат Јакупи - Карате
- Емил Павлов - Карате
- Оливера Наковска Бикова - Спортско стрелаштво
- Игор Стефановски - Автомобилизам
- Зоран Ристовски - Велосипедизам