
Денеска, во просториите на Агенцијата за млади и спорт беа доделени наградите за петте најдобри млади програмери, кои победија на државните натпревари по информатика и кои ќе ја претставуваат Република Македонија на Балканската и Светската Олимпијада по информатика и програмирање.
Климент Серафимов, Христијан Ѓоршевски, Борис Танчовски, Димитар Бајрактаров и Михаил Денковски се овогодинешните лауерати на проектот “Најдобар млад програмер”, кои ќе добијат парични награди од АМС, но и ќе добијат стипендии за бесплатно студирање на ФИНКИ.
Тоа, на денешната прес-конференција го објавија директорот на АМС, Марјан Спасески и претседателот на Здружението на информатичари на Македонија, Миле Јованов.