Print

Бронза за Фаик Весели на МОИ во Аргентина

Written by administrator on . Posted in Соопштенија

ams ipon

Фаик Весели го освои бронзениот медал на младинските Олимписки игри во Буенос Аирес, Аргентина.

Ова е историски резултат за каратето и првиот медал за Македонија на младинските Олимписки игри, со што Фаик ги исполни очекувања кој самиот си ги постави да освои медал на МОИ.

Print

Соопштение

Written by administrator on . Posted in Соопштенија

be active foto

Агенцијата за млади и спорт за прв пат аплицираше за проект во Европската Комисија преку програмата Еразмус плус – “Европска недела на спорт”.

Апликацијата и замислата на целиот проект беше под водство на Мр Александра Дичевска, советник за меѓународна соработка во Агенцијата за млади и спорт и Национален координатор за проектот за кој добивме позитивен одговор.

Print

Прогласени најдобрите во фудбалот на гала манифестација во организација на ФФМ

Written by administrator on . Posted in Соопштенија

Direktor Darko Kaevski dodeluva

Фудбалската федерација на Македонија на гала манифестација во Македонскиот Народен театар ги додели наградите на најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2016/17. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски ги врачи наградите во категоријата најдобар млад играч и најдобар стрелец во младински фудбал.  Во категоријата најдобар млад играч, Директорот Каевски му ја врачи наградата на Елиф Елмас, кој сега настапува во редовите на Фенербахче, а претходно го носеше дресот на работнички. Во категоријата најдобар стрелец во младински фудбал, Каевски му ја врачи на Александар Мишов од фудбалскиот клуб Академија Пандев.

Print

Објавен Конкурсот за доделување на Државната награда за спорт "8 Септември“

Written by administrator on . Posted in Соопштенија

Со Државната наградата „8. Септември” се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници  за остварувања во областа на спортот. Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план.

Print

Отчет за работата на Агенцијата за млади и спорт за изминатата 2015 година

Written by administrator on . Posted in Соопштенија

Direktor Ams Otcet 2015 slika 2

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Марјан Спасески оддржа прес-конференција по повод реализираните активности за изминатата 2015 година на Агенцијата за млади и спорт. Во отчетот за 2015 година, Директорот Спасески информираше напредок во сите полиња на работа во делот на спортската инфраструктура, во делот на спортот и младите. Во прилог е целосната информација од оддржаната прес-конференција за отчетот на Агенцијата за млади и спорт:

Почитувани новинари, 

2015 година беше една од најуспешните за Агенцијата за млади и спорт. Беа реализирани огромен број проекти, од кој бенефит видоа спортистите, спортските работници, младите луѓе и сите граѓани.

Информатички спортски систем