Print

Промовиран проектот “Урбан ѕид” во Кавадарци

Written by administrator on . Posted in Соопштенија

Kavadarci Urban zid 1

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов во дворот на гимназијата Добри Даскаловго промовираа проектот Урбан ѕид, кој е наменет за младите – преку поддршката тие да се изразат на креативен начин, да се поттикнат да бидат креативни и пред сè преку можноста тие да имаат свој простор, кој од денес натаму ќе биде наменет за нивното креативно изразување

 

Print

Вчера организирано отпатуваа од Скопје до Велес заедно со директорот на Агенцијата за спорт и млади- Марјан Спасески и дирекоторот на ЖАС Никола Костов .

Written by administrator on . Posted in Соопштенија

marjan zeleznici

Младите лица до 27 годишна возраст користејќи го проектот за бесплатен железнички сообраќај, дененска организирано отпатуваа од Скопје до Велес заедно со  директорот на Агенцијата за спорт и млади- Марјан Спасески.

Print

Ресенчани ќе добијат повеќенаменско игралиште

Written by administrator on . Posted in Соопштенија

Resen 1

Во ресенската населба Црквиште денеска започнаа градежните работи за повеќенаменското спортско игралиште, кое е дел од Проектот на Владата за изградба на 100 повеќенаменски спортски игралишта во Република Македонија. Почетокот на градежните работи го означија директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски.

 

Print

Македонија и годинава ќе учествува на „Јадранските игри”

Written by administrator on . Posted in Соопштенија

Првиот човек на проектот “Јадрански игри”, Мирослав Кржик денеска беше во посета на Агенцијата за млади и спорт. Со директорот Спасески разговарале за одличниот настап на Македонската екипа на минатогодишното натпреварување од овој познат проект, на кој Македонија за прв пат учествуваше во петтата сезона на “Јадранските игри”.

Print

ИН МЕМОРИАМ: АЛЕКСАНДАР КОЈЧЕВСКИ (23.09.1992 - 15.10.2014)

Written by administrator on . Posted in Соопштенија

 

Александар, Алекс, Аце, нашиот сакан ангел , нашиот пријател, нашата радост во Агенцијата за млади и спорт....... Зошто Господ одлучи да те земе???? Зошто сега кога толку многу имаше живот во тебе ?

А штотуку почна да созреваш, да правиш планови за животот, се запиша на факултет, се врати на кошарката како тренер на младите категории,....... и немаме зборови, не остави без зборови сите нас......

Твојата добрина беше предизвик за сите нас, секогаш се радувавме на твојата насмевка. Твојата ведрина, твојот ведар и насмеан лик ќе остане длабоко врежан во нашите срца. Никогаш нема да те заборавиме. 

Погребот ќе се одржи во четврток (16 октомври) на гробиштата Драчево со почеток во 11:00 часот.

Почивај во мир ангелу наш,

Информатички спортски систем