Print

Свечено отворено повеќенаменското игралиште во општина Босилово

Written by Igor on . Posted in Соопштенија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт г-динот Александар Пујовски, градоначалникот на општина Босилово г-дин Љупчо Колев, пратеникот г-дин Славе Гошев, денес свечено го предадоа во употреба новоизграденото повеќенаменско маалско игралиште од проектот „100 повеќенаменски игралишта“ во с. Петралинци, општина Босилово. Изградбата на игралиштето е во вредност од 7 милиони денари

Print

Одржана панел дискусија на тема "Механизми во борба против говор на омраза на интернет"

Written by Super User on . Posted in Соопштенија

Во просториите на Советот на Град Скопје, се оддржа панел дискусија на тема  “Механизми во борба против Говор на Омраза на ИнтернетНастанот бешe организиран од страна на Центар за меѓукултурен дијалог и Националниоткомитет за кампањата против говор на омраза на интернет.

Г-ца Зорица Стаменковска од Агенцијата за Млади и спорт во воведното обраќање даде осврт на улогaта на Агенцијата како Национален координатор и Кампањата и на националниот комитет чија  улога е планирање и следење на активностите од кампањатаОва е прва поголема активност од националната кампања, а набргу на есен следува и обука за обучувачи на тема човекови права и говор на омраза, и други  активности од вклучените организации и институции во комитетот. На крајот Стаменковска ги повика и сите останати организации, институции и поедници активно да се вклучат во кампњата.

Print

Се одржа „IV Меморијален куп –Љубчо Неделковски” во Кик Бокс

Written by Igor on . Posted in Соопштенија

Кик Боксинг Федерацијата на Македонија Ве известува дека на 29.05.2013 год со почеток во 20.00 часот во спортската сала „МЛАДОСТ“ во Битола пред повеќе од 2.500 присутни во салата се одржа

„IV МЕМОРИЈАЛЕН КУП –ЉУПЧО НЕДЕЛКОВСКИ”

Овој куп се одржа во чест на ненадејно починатиот претседател на Кик Боксинг Федерацијата на Македонија и промотор на кик бокс спортот во Македонија Љупчо Неделковски.

Учество земаа спортисти од Македонија , Албанија , Црна Гора и Србија и сите настапија во атрактивната дисциплина лоу кик од кик бокс спортот.

Самата манифестација ја отвори градоначалникот на Битола Владимир Талески, а присутен беше и директорот на АМС Александар Пујовски како и претседателот на WAKO Албанија федерацијата за Кик бокс

Print

Средба на претставници од "Eurosport“ со директорот Пујовски

Written by Igor on . Posted in Соопштенија

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт претставниците од паневропскиот телевизиски сервис "Eurosport“ остварија средба со директорот Пујовски. Во рамките на посетата Г-ѓа Евелин Сарвенте се запозна со проектите на Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт во областа на спортот и физичката култура

Print

Судиски и тренерски семинар за кик бокс

Written by Igor on . Posted in Соопштенија

Кик Боксинг Федерацијата на Македонија известува за успешно организираниот семинар за кик бокс. Во саботата на 11.05.2013 год. во организација на КБФМ, а во техничка организација на кик бокс клубот „Кавадарци“ од Кавадарци се одржа судиски и тренерски семинар за дисциплините од кик бокс спортот. Целта на овој семинар беше запознавање и примена на новите правила во кик боксот. На семинарот беа присутни претставници од 30 клубови од цела Македонија кои беа запознати со измените во WAKO светската федерација за кик бокс

Информатички спортски систем