Print

Резултати од повикот за финансиска поддршка на здруженија и фондации

on . Posted in Соопштенија

AMS LOGO KONKURS

                                                                                                                              

       Врз основа на член 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010, 51/2011 и „Сл. Весник на РСМ“ бр. 96/19 и 110/19) , член 8 став 4 од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на здруженијата и фондациите за мерки за спроведување со COVID – 19 кризата насочена кон младите за време на вонредна состојба ("Службен весник на Република Северна Македонија" бр.156/20) и Извештај од комисија со бр. 12-1096/143 од 29.07.2020 година, директорот на Агенцијата за млади и спорт донесе,

Р Е Ш Е Н И Е

За доделување на финансиска поддршка на здруженијата и фондациите за преземање итни мерки за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот COVID-19 насочени кон младите

  1. Се распределуваат финансиски средства во висина од 5.000.000,00 денари од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020, Раздел 16101 – Агенција за млади и спорт, Програма П1 – Мерки за справување со COVID-19 кризата, ставка 464 – Разни трансфери.
  2. Висината на финансиските средства, се доделуваат на следниве Здруженија на граѓани:

                                         

ЗМАИ - Скопје Кариерно советување за полесно прилагодување на пазарот на труд во услови на ковид 19 ДА 91,6 299.980,00 ден. 200.000,00 ден.
Здружение за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје Заштита на   младите работници во време на   Ковид -19 ДА 90,4 300.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Здружение за промоција на ментално и физичко здравје ПСИНАПСИС Скопје Психолошка поддршка за намалување на последиците од пандемијата врз менталното здравје на младите ДА 89,2 300.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Еко Воденица Со знаење против дезинформации, лажни вести и говор на омраза во руралните средини во пелагонискиот регион ДА 87,6 299.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Сизигија Скопје   Фондација за креирање на екосистеми,технологии,иновации и трансфер на знаење за личен и бизнис развој Време е   за Академија за Вештини - онлајн едукација и менторство при вработување со отварање на сопствен бизнис ДА 87 298.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Смарт АП - Скопје Младите во справувањето со ковид 19! ДА 86,2 300.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Кокичиња Ретки деца ДА 84,2 300.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Младински иницијативи за дијалог и соработка - Битола Пречки во комуникација да 83,6 299.100,00 ден. 200.000,00 ден.
Здружение Граѓанска акција за интеграции Битола Добро ментално здравје во дигитален свет ДА 83,2 300.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Здружение ЕКО ИНТЕГРАЦИИ - Скопје Заштити ги своите права и во ситуација на криза ДА 82,2 300.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Зелена Сила Охрид Стоп за Ковид19 ДА 82 292.200,00 ден. 200.000,00 ден.
Здружение за локален и рурален развој Економско зајакнување на младите од руралните средини кон надминување на кризата од Ковид -19 ДА 82 277.200,00 ден. 200.000,00 ден.
Младинска организација - Здружение за општествена акција, едукација и превентива (ЕАСП) - Подружница Прилеп "МЛАДИ ВО АКЦИЈА" ДА 81,8 297.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Еко Коцка Намалување на последиците од Ковид 19 ДА 80,2 300.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Здружение за унапредување на Културата Порта Скупи “За подобар амбиент “- Për ambient më të mirë ДА 80 300.000,00 ден. 200.000,00 ден.
ФАКТОР Кичево Желбата за здравје е половина здравје ДА 79,8 300.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Здружение за   граѓани Центар за едукација и развој (Е)КОрона Освестување ДА 79,8 291.500,00 ден. 200.000,00 ден.
Луше (лоесје) Битола Вистинскиот момент може да биде сега ДА 79,6 290.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Марвел АДЕЕЛ, Здружение за Развој, Претприемништво и Претприемачко учење Е-платформа на туристички капацитети од Југоисточниот и Источниот плански регион Република Северна Македонија ДА 79,6 300.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Нова Урбана Идеја Ти можеш ДА 79,2 300.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Здружение на граѓани Еколошки клуб Сидеро Кастро Демир Хисар Препознај-Информирај се - Заштити се ДА 79 295.500,00 ден. 200.000,00 ден.
ИСУ Хуманим Струга Информирај се и напредувај ДА 78,8 300.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Здружение за унапредување на културата и образованието ГосКмп Клуб на млади поети Гостивар Живот и покрај   Корона ДА 78,8 295.090,00 ден. 200.000,00 ден.
Здружение Културно уметничко ВАЛЦ -Струга За добар здравство - Për shendet te mirë ДА 78,6 300.000,00 ден. 200.000,00 ден.
Здружение за меѓународна младинска соработка Интерактив-Битола Психо-социјална инклузија преку едукација на младите луѓе од руралните срединиза време на   пандемијата Ковид-19 ДА 78 300.000,00 ден. 200.000,00 ден.
  1. Оваа одлука стапува на сила со денот на нејзиното донесување.

Образложение

По донесената Уредба со законска сила за финансиска поддршка на здруженијата и фондациите за мерки за спроведување со COVID – 19 кризата насочена кон младите за време на вонредна состојба, Агенцијата за млади и спорт објави Оглас за финансиска поддршка на здруженија со број 12-1096/1 од 15.6.2020 година

На огласот пристигнаа 140 апликации од страна на невладините организации.

Согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на здруженијата и фондациите за мерки за спроведување со COVID – 19 кризата насочена кон младите за време на вонредна состојба, комисијата ги разгледа апликациите и достави извештај до директорот на Агенцијата за млади и спорт.

                                                                                                                                                      ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР

                                                                                                ZËVENDËS DREJTOR

                                                                                                                                                                  IZMIT NURA