Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Оглас за практиканти

вклучено . Објавено во Соопштенија

          

ОГЛАС ЗА ПРАКТИКАНТ

Услови за аплицирање:

1. Практикантот да не е во работен однос,

2. Практикантот да не е постар од 34 години,

2. Практикантот да има завршено најмалку основно образование,

3. Да поседува самоиницијативност, одлучност и желба за учење,

4. Да има солидно познавање на Англиски јазик.

5. Да има познавање на компјутерски вештини - Microsoft Office.

Времетраење на пракса: Практикантот ќе биде континуирано присутен на пракса во Сектор за човечки ресурси и поддршка на директорот, во временски период од 3 месеци, со полно работно време, почнувајќи од 10.03.2021 година.

Обврска на практикантот:

- да достави потполнет документ за упатување на пракса од образовната институција испечатен на официјалниот меморандум и заверен со потпис и печат од образовната институција

- континуирано да води дневник за текот на праксата.

- задолжителна редовност во институцијата за периодот на пракса.

Обврска на органот:

- да му обезбеди ментор на практикантот.

- да му обезбеди паричен надомест на практикантот за целото времетраење на праксата.

- да му издаде потврда за остварена пракса со потпис од овластено лице и печат од органот, заверена со архивски број.

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на Агенција за млади и спорт, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат. Огласот е отворен најдоцна до 08.03.2021 год.

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија