Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Младински лидерски форуми организирани од ОБСЕ/ОДИХР

вклучено . Објавено во Соопштенија

Во наредниот период ќе се одржат два лидерски форуми во рамките на проектот на ОДИХР за стимулирање на политичко учество на младите во регионот на ОБСЕ.
Првиот од двата настани ќе се одржи во Варшава на 16 и 17.06.2014 година, со учество на млади лидери од Југоисточна, Централна и Западна Европа,како и од Северна Америка, додека пак вториот настан е наменет за млади лидери од ИСточна Европа, Централна Азија, Монголија и Јужен Кавказ. Одржувањето на вториот форум зависи од прибирањето на доволен фонд на финансиски средства.
Двата настани се отворени за млади лидери на возраст од 25 до 35 години и заинтересираните кандидати треба да аплицираат на веб страната http://www.osce.org/odihr/117101
Трошоците за учество на одбраните кандидати се на товар на ОДИХР. Крајниот рок за пријавување е 16 мај 2014 година

По прифаќањето на апликацијата од страна на организаторот, Ве молима да ја проследите информацијата до канцеларијата за односи со јавност при Агенцијата за млади и спорт на емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија