ЖРК Вардар ја одбрани шампионската титула во домашното првенство
Супериорниот владетел во женскиот ракомет во Македонија и официјално беше крунисан. По дуелот против „сестринскиот“ ЖРК Вардар, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, им го додели на ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ шампионскиот пехар како заклучок на една убава сезона. По ланската премиерна титула, сега ја одбранија и првпат ја споија со трофејот од Купот. И формално се запишаа како македонски учесник во ЛШ следната сезона, кога ќе атакуваат на највисокото место.








