Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Повик за учество на обука „ Подготовка за вработување и за работа“

вклучено . Објавено во Соопштенија

„Младите можат“ во соработка со „Мобилност Македонија“, со поддршка од проектот „Мрежа ЈЕС“ на УСАИД Македонија го реализираат проектот „Подготвеност за вработување и за работа“.

Целта на овој проект е подобрување и усовршување на вештините за вработување и работа на младите луѓе преку трансфер на знаење и професионални вештини и инклузија на млади со попреченост.

Проектот е составен од обуки кои ќе се одржат во 5 дена – 30, 31 мај, 1, 7, 8 јуни, а ќе ги опфатат следните модули:
- Воведен модул
- Личен развој
- Вештини за барање работа
- Комуникациски вештини
- Тимска работа и лидерство
- Соодветно однесување на работно место
- Безбедност, права и обврски на работното место
- Финансиски вештини

Сите оние кои сакаат да учествуваат на обуките, треба да го пополнат формуларот и да го испратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до 25 мај (23:59 ч.)

Критериуми за учество на обуките се:
- Да сте на возраст од 18 до 27 години и да живеете на територија на град Скопје
- Да сте невработени и да не сте регистрирани во Агенцијата за вработување на РМ
- Да не сте во образовен процес

*Обуките се бесплатни и задолжително е присуство на сите модули
**Доколку имате дополнителни прашање или ви се потребни повеќе информации
контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на 072 23 70 70

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија