Во Прилеп се одржа спортската манифестација „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“
Како составен дел од акцијата „Мај месец на велосипедисти“ која ја спроведува Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерство за внатрешни работи, вчера по девети пат Општина Прилеп и Велосипедска Федерација на Македонија заедно со Велосипедски клуб Илинден од Прилеп и Сојуз на училишен спорт на Општина Прилеп го организираат настанот „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“.
Годинава како подржувачи на истиот се и Агенција за млади и спорт на Република Македонија и Федерација на Училишен спорт на Македонија. Сите на велосипед е рекреативно возење од центар на Прилеп до спортскиот аеродром во н.м. Мало Коњари и на него учествуваа сите заинтересирани граѓани без разлика на годините, а организаторите традиционално обезбедуваат награди за нај млад и нај стар учесник.
Оваа година за прв пат се одржаа и трки за првак на Македонија во Училишен велосипедизам во машка и женска конкуренција на Основни и Средни училишта.
Афирмацијата на велосипедизмот со посредство на вакви акции има за цел помасовно вклучување на сите возрасни категории граѓани во спортските активности како и подигнување на нивната свест за користење на ова превозно средство кое не ја загадува животната средина и воедно е особено корисно од здравствен аспект.








