Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Директорот Спасески оствари средба со Хироши Шираи, претседателот на Светската Традиционална Карате Федерација

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием на Македонската традиционална карате федерација и високата делегација од Светската и Европската традиционална карате федерација. Имено, во посета на куќата на спортот, покрај претседателот на МТКФ, г-нот Венцислав Недев беа и претседателот на Светската Традиционална Карате Федерација г-дин Хироши Шираи и претседателот на Европската Традиционална Карате Федерација д – р Владимир Јорга.

На состанокот, директорот Спасески ги информираше гостите за владините мерки и политики за развојот на спортот во Република Македонија, како и за популарноста на каратето во нашата држава. Истовремено, Спасески ја потенцираше улогата на карате спортот во психо-физичкиот развој на луѓето, особено кај младата популација, посочувајќи го личниот пример за спортување со карате.

Тој се заблагодари за придонесот на г-динот Хироши Шираи и г-динот Владимир Јорга во развојот на традиционалното карате во Република Македонија, за што им додели и свечена плакета.

Посетата на високите гости од светот на традиционалното карате се совпаѓа со 40-годишниот јубилеј на Македонската Традиционална Карате Федерација.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија