Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Директорот Спасески во посета на ДСУФК „Методи Митевски – Брицо”

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески беше во посета на ДСУФК „Методи Митевски – Брицо” и Спортската Академија, каде го проследи последниот тренинг на ракометарите, ученици од ова училиште и членови на Спортската Академија во ракомет, пред нивното поаѓање на светското првенство за средни училишта во Република Турција.

Градот Трабзон годинава е домаќин на светското првенство за средни училишта во ракомет, а Република Македонија ќе ја претставуваат екипи во машка и женска конкуренција, кои во периодот од 22-28.06 ќе се обидат да стигнат до највисокото одличје.

Директорот Спасески на ракометарите им посака добар пат, успешен настап и добра презентација на македонскиот ракомет.

- „Верувам дека успешно ќе се претставите на ова средношколско светско првенство и во одлично светло ќе го презентирате македонскиот ракомет, кој полека но сигурно, станува спорт број еден во нашата држава. Ја имате целосната поддршка од Агенцијата за млади и спорт и од Владата на Република Македонија. Се надеваме на добар резултат” – заклучи директорот Спасески.

Покрај ова, веќе во септември младите ракометари од Спортската Академија во ДСУФК „Методи Митевски – Брицо” ги очекува настап на Балканското првенство во Бургас, Република Бугарија.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија