Театар „Сенки и облаци” објавува ПОВИК ЗА УЧЕСТВО во проектот „ХИВ/СИДА едукација преку игра со сенки”
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО Во проектот „ХИВ/СИДА едукација преку игра со сенки”
Ако си на возраст од 16-22 год, живееш во Скопје и во следните два месеци сакаш со својата креативност да создадеш приказни кои ќе ги едуцираат твоите врсници, придружи се во проектот на „Сенки и облаци” поддржан од MTV Staying Alive.






Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција на која директорот Лазар Поповски детално ги информираше претставниците на медиумите за усвојувањето на петгодишната програма за развој на македонскиот спорт на седницата на Владата на Република Македонија одржана на 3 јануари. Со тоа е заокружен еден подолг процес на анализи и проценки од страна на голем број спортски авторитети, стручни лица, спортисти и тимот на Агенцијата за млади и спорт. Изразувајќи им благодарност на сите соработници, Поповски потенцира дека со ова е ставен крај на транзицијата во спортот и се дефинира стратешката насока на Законот за спорт, финансирањето и можноста за формирање на фондации како и за спортот во институциите(предучилишен, училишен, универзитетски, армиски, полициски)
Врз основа на член 23, став 1 од Законот за спортот („Службен весник на Република Македонија“ број 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11 и 64/12), Владата на Република Македонија на својата седница под бр.41-6936/1-12 од 3.01.2013 година, ја донесе Програма за развој на спортот за период од пет години

