Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Покана во АМС на неформален брифинг

вклучено . Објавено во Соопштенија

Директорот м-р Лазар Поповски, Ве поканува, петок, 28 декември 2012, во 11:00 часот, на мал коктел и неформален брифинг во просториите на Агенцијата за млади и спорт. Повод за ова дружење е донесување на Програма за развој на спортот во Република Македонија за период 2013-2017 година, како и информација за статусот на постапката за избор на спортист на годината.

Одделение за односи со јавноста и протокон при Агенцијата за млади и спорт

Печати

Велосипедската федерација на Македонија организираше состанок со Балканската и Турската велосипедска федерација за подршка и развој на велосипедскиот спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

На состанокот кој се одржа на ден 19.12.2012 година, присуствуваа претседателот на Балканската и Турската велосипедска федерација г-дин Емин Муфтуоглу, генералниот секретар на Балканската велосипедска федерација г-дин Марко Прочикевиќ и тренерот во Друмски велосипедизам на Турската репрезентација г-дин Суат Торгај

Печати

ИСПЛАТЕНИ 500-те СТИПЕНДИИ ОД КАТЕГОРИЈАТА – СПОРТИСТ „СПОРТСКА НАДЕЖ”

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт ги информира спортските млади надежи - корисници на категоријата спортист - спортска надеж - спортските клубови и националните спортски федерации дека месечните надоместоци за период од четири месеци во вид на стипендии кои произлегуваат од стекнувањето на оваа спортска категорија се исплатени во текот на денешниот ден.

Печати

Металург викендов ќе организира Новогодишен турнир

вклучено . Објавено во Соопштенија


Ракометната академија на Металург викендов што следува ќе организира Новогодишен турнир во мини ракомет за своите школи на територијата на град Скопје. Екипите ќе бидат поделени во четири групи

Печати

Избор на најдобрите спортисти во Скопје

вклучено . Објавено во Соопштенија

Директорот на Агенцијата за Млади и спорт г-нот Лазар Поповски беше дел од своевидната Гала свеченост која во големата сала на советот на градот Скопје се одржа во чест на сите што постигнаа вредни резултати кои го промовираа главниот град и Република Македонија во светски рамки. Дoминираа ракометарите на Металург со признанија во екипна конкуренција и индивидуално, за членот на осминафиналистот во ЛШ, Наумче Мојсовски

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија