Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

ПОКАНА ЗА ЈАВНА ТРИБИНА

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт, Ве поканува утре 03.12.2012 (Понеделник) во 11 часот во своите простории да присуствувате на јавната трибина на тема: Програма за развој на спортот во Република Македонија во периодот од 2013-2017 година.

Печати

П О К А Н А

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука, Ве покануваат утре 03.12.2012 година (понеделник), во 10 часот по повод Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, да присуствувате на четвртата по ред донација на спортски реквизити во Посебното основно училиште Идинина во општината Чаир.

Печати

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА

вклучено . Објавено во Соопштенија

Врз основа на Законот за волонтерство (Сл. Весник на РМ бр. 85/07 и 161/08) Програмата за волонтирање со арх.бр. 03-1291/1 од 20.06.2012 година , донесена од Агенцијата за млади и спорт , Агенцијата има потреба од ангажирање на волонтери


ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВОЛОНТЕРСКА РАБОТА

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати , да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Агенцијата за млади и спорт , и тоа:

- 3(тројца) волонтери со завршен Правен факултет
- 3(тројца) волонтери со завршена ССС

Волонтерската работа ќе биде во времетраење од 1( еден ) месец .

Сите заинтересирани кандидати покрај апликацијата треба да достават:
- Мотивационо писмо ( во кое ќе се наведе и местото за кое аплицираат , како и причините и мотивите за волонтирање)
- Кратка биографија ( со податоци за контакт)
- Доказ за завршено образование
Потребните документи треба да бидат доставени на следната адреса:

АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ
Ул. Франклин Рузвелт бр 34, Скопје
Со назнака ,, за јавен повик за ангажирање на волонтери,,

Рокот за доставување на документите е 3 (три ) дена од денот на објавување на повикот. Изборот ќе се изврши во рок од 3 (три) дена . По завршувањето на постапката за избор на кандидати за волонтирање, избраните кандидати ќе бидат повикани за вршење на волонтерска работа.

Печати

Извршена реконструкција на фискултурна сала во ОУ „Страшо Пинџур“ с.Крупиште – Карбинци и на топловодното греење во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип

вклучено . Објавено во Соопштенија

Министерот за образование и наука на Република Македонија, м-р Панче Кралев, придружуван од Директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, денес, 2.12.2012 година, го посети ОУ „Страшо Пинџур“ во село Крупиште – Карбинци, каде што е извршена реконструкција на фискултурната сала. Министерот Кралев, го посети и СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип, каде што е извршена реконструкција на топловодното греење.

Печати

ПРВА КОНФЕРЕНЦИЈА „ПОЛИТИКА ЗА МЛАДИ ЗА ГРАД СКОПЈЕ“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска, во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Град Скопје и Регионот Долна Нормандија – Франција,  се одржа Конференција на тема „Политика за млади за Град Скопје“, што е дел од неодамна почнатите активности за имплементација на проектот „Креирање на Локална младинска стратегија за Град Скопје“.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија