Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Средба Каевски -Азмајпарашвили

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk i za w1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Претседателот на Европската шаховска унија, Зураб Азмајпарашвили, одржаа состанок по повод одржувањето на Европското поединечно шаховско првенство во Скопје. На првенството се очекува да учествуваат околу 400 шахисти од сите европски држави. Две години подоцна, нашиот главен град ќе биде домаќин на екипното ЕП за мажи и жени.

Печати

Јавен повик за учество во проектот “Младинска картичка”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams logo dijana 1

Врз основа на програмата за работа за 2018 година на Агенцијата за млади и спорт, сектор Млади објавуваме јавен повик за пријавување на правни лица кои вршат дејности на територија на Република Македонија, за учество во проектот Младинска картичка.

Оваа картичка ќе овозможи на младите луѓе на возраст од 15 до 29 години да користат попусти и бенефиции, кои ќе бидат обезбедени од страна на правните лица.

Печати

Меѓународен ден на лица со посебни потреби

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk dunja w1

По повод Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, Агенцијата за млади и спорт изработи календар за 2019 година со творби од децата со хендикеп, кои на предходно објавениот конкурс доставија свои дела.

Настанот го одбележавме во ОУ “Невена Георгиева Дуња”, а истиот беше  своевидна промоција на календарот, но и дружба со децата со посебни потреби.

Печати

Фитнес зона во Општина Центар

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk zona centar

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, во присуство на градоначалникот Саша Богдановиќ го означија и официјално почетокот на употреба на фитнес зоната во Општина Центар.

Каевски очекува дека и оваа Фитнес зона ќе биде правилно и максимално искористена од страна на сите граѓани, а особено од страна на младите лица.

Печати

Гази Баба доби фитнес зона

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams fitnes zona gazi baba

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со градоначалниокот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски ја посетија новата фитнес зона во парк шумата Гази Баба која од денеска е достапна за сите љубители на спортот и рекреацијата. На површина од 200 метри квадратни поставени се реквизити за сите возрасти и спортисти. Дел од нив се адаптирани и за лицата со хендикеп.

Печати

70 години Спортска Стрелачка Федерација

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dk strelastvo

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски организираше прием за Претседателот на Македонско спортска стрелачка федерација  Владимир Пандовски, по повод 70 години постоење на федерацијата.

Печати

Успешен настап на македонските претставници во бразилска ,,Џиу-Џица"

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dziu

По успешниот настап на престижниот меѓународен турнир во бразилска Џиу-Џица ”Abu Dhabi Pro Rome 2018” Агенцијата за млади и спорт организираше прием за македонските репрезентативци. Македонската репрезентација предводена од Претседателот, Ивица Алексовски  заедно со своите избраници освоиja 18 медали:

- 5 златни

- 10 сребрени и

- 3 бронзени медали

Печати

Размена на искуства и идеи во спортот со претставник на Министерството за спорт на Швајцарија

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams gazmend

Во периодот од 5 до 9 ноември оваа година, заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Гзменд Ристеми беше во градот Берн во месноста Манлиген, Швајцарија каде оствари билатерална средба со Паскал Чателајн, одговорен за меѓународна соработка во спортот во Министерството за спорт во Швајцарија.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија