Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Стартува Европското во карате, Македонија атакува на одличја

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams pres monpelje 2

Агенцијата за млади и спорт е стартното место од каде Македонските каратисти го трасираат успешниот поход наречен Европско првенство. Овојпат дестинацијата е Монпеље, Франција. Пресот кој утрово се одржа во просториите на Агенцијата за млади и спорт ја отвори директорот Марјан Спасески кој посака на сите репрезентативци успех на претстојниот континентален собир.

-Нашите каратисти во последните неколку години редовно се враќаат со трофеи од ЕП и затоа и сега очекуваме продолжување на тој тренд, иако конкуренцијата е се посилна.

Впрочем, токму ваквите резултати се мотив повеќе Агенцијата за млади и спорт да дава континуирана поддршка на Македонската карате федерација. Имено, за овој настап на ЕП во Монпеље од страна на АМС се издвоени 600.000 денари, а за меѓународната програма и за стручната работа на Карате федерацијата, АМС има издвоено вкупно 1.630.000 денари и со неа се опфатени учеството на ЕП за сениори во Монпеље, Светското првенство во Линц, Австрија како и стручната работа на тренерите и селекторите со репрезентативците. Агенцијата за млади и спорт секогаш е почетната точка за тргнување и крајната дестинација на која секогаш враќаат нашите спортисти со освоени одличја на меѓународната спортска сцена. Така нека биде и овојпат. Им посакувам добри настапи и многу медали на сите наши учесници, истакна Спасески.

Карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава, а за тоа говорат и резултатите. По големите успеси на македонското карате, кое во изминатите неколку години и ги донесоа Наташа Илиевска, Иво Цветковски, Жарко Арсовски, Ардита Исени, Огнен Груевски, Берат Јакупи, Мартин Несторовски, Емил Павлов и останатите, верувам дека ваквата позитивна тенденција ќе продолжи и ќе се радуваме на нови успеси.

Голем дел од нашите репрезентативци се и носители на стипендиите, кои ги доделува АМС, како и на највисокото спортско признание, Националното спортско признани – Спортска пензија, со што им оддаваме почит и јавно признание и докажуваме дека државата се грижи и понатаму ќе продолжи да се грижи за врвните спортисти, кои ја промовираат Република Македонија на меѓународната спортска сцена.

Во Монпеље ќе настапат 43 држави со над 400 натпреварувачи. Македониија патува со 16 репрезентативци.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија