Печати

Најдобар настап на Македонските таеквандо борци на “Топ Тирана Опен”

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams priem taekvando web 2

Изминатиов викенд во соседна Албанија се одржа квалитетен турнир во таеквандо, на кој земаа настап над 500 натпреварувачи од 70 клубови од Европа. Македонските борачи нанижаа по три сребра и бронзи и осум златни одличја од вкупно 15 натпреварувачи, што го направи овој настап еден од најквалитетните досега. Со две злата во сениорска и јуниорска конкуренција клубот Бутел е освојувач на два пехара, што значи севкупен клубски победник на Тирана Опен.По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прием на медалистите, на кој директорот Марјан Спасески им честиташе на одличниот настап и посака истото да се повтори на следните меѓународни настапи.

-Сите натпреварувачи на турниров се репрезентативци на Македонија во соодветна категорија, што укажува на фактот дека таеквандото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународна спортска сцена.

Се надевам дека ваквите резултати ќе се пресликаат и на националниот тим и дека овој турнир ќе биде одлична подготовка за Европското кадетско во Романија и Светското јуниорско чиј домаќин ќе биде Канада. Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Таеквандо федерацијата на Македонија, а годинава само по првиот оглас за меѓународната програма и стручна работа на тренерите се доделени вкупно 620 000 денари, рече Спасески.