Печати

Македонски Брод ќе добие повеќенаменско игралиште

вклучено . Објавено во Соопштенија

Mbrod 2

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска изврши увид во градежните работи на повеќенаменското игралиште, кое Агенцијата за млади и спорт го гради во населеното место Самоков, општина Македонски Брод.
Игралиштето се гради согласно утврдената динамика, завршени се асфалтерските работи и во моментов се подготвува теренот за поставување на околните патеки со бехатон, по што ќе се поставува челичната ограда. Се очекува објектот да заврши до средината на јуни и да се стави во функција за потребите на рекреативците и младите луѓе.
-“Во изминатиов период имаме одлична диманика на реализација на проектите за изградба на капитална спортска инфраструктура. Досега, изградени се вкупно 56 повеќенаменски игралишта, а годинава работиме на нови 22 со што во голема мера ќе ја подобриме спортската инфраструктура низ целата држава. Само во Македонски Брод досега се инвестирани преку 50 милиони денари за изградба на спортската сала, фудбалското игралиште, тенискиот терен и ова повеќенаменско игралиште, а предвидена е изградба и на игралиште за "street basket" во оваа општина, како дел од новиот проект на АМС, за изградба на 150 игралишта за баскет 3 на 3” – потенцираше директорот Спасески.
Повеќенаменското игралиште се гради по најсовремени стандарди, а ќе овозможи практикување на повеќе спортови. Ќе биде осветлено со рефлектори што ќе овозможи спортување и во доцните вечерни часови.

Mbrod 5