Потпишување Меморандум со Американски Мировен Корпус

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт беше потпишан меморандум за соработка од страна на г. Марјан Спасески директор на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и г. Марк Ханафин директор на Мировен корпус Македонија.
Овој Меморандум за разбирање од 19-ти мај 2016, меѓу Агенција за млади и спорт на Република Македонија и Мировен корпус, преку неговата канцеларија во Македонија ги одразува намерите на двете страни за соработка, преку реализирање на Програмата за развој на заедниците и назначување волонтери на Мировен корпус/Македонија и стручни волонтери на Мировен корпус заеднички именувани како „ВМК“ или „волонтери“.
Меморандум за разбирање за период од пет години почнувајќи од 19-ти мај 2016. Целта е да се утврди разбирањето и намерите во врска со улогите и одговорностите на двете страни, Мировниот корпус и Агенцијата, во поглед на осмислувањето, промоцијата, спроведувањето, евалуацијата и постојаната поддршка на проектите и активностите од Програмата за развој на заедниците („активностите“). Овој МЗР има цел да го зајакне чувството на сопственост на вклучените страни каде што проектите и активностите имаат за цел постигнување долгорочни резултати и поголема ефикасност во остварувањето на локалните и националните приоритети.
Овој документ се повикува и на Спогодбата бр. 1301-3594/7 меѓу Владата на Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави во врска со Програмата на Мировен корпус потпишана на 11 јуни 1996 година.

