Прием во Агенцијата за млади и спорт за 12 медалисти од Дан кју, Осенсеи и Такеда на „Алексинац опен 2016“

На Меѓународниот џиу џица турнир „Алексинац опен 2016“ во Србија македонските клубови освоија рекорден број на медали – 12. Вкупно 19 натпреваривачи учествуваа во трката за трофеи, а 12 од нив беа успешни. По тој повод директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески имаше средба со дел од освојувачите на медали и челниците од федерацијата, на која стана збор за се поголемите резултати остварени на меѓународните турнири и јадранската лига.
Од ЏЏК Такеда Моника Младеновска и Тања Младеновска освоија златни медали, Кенанџан Мејзини сребрен и Бојана Симиќ бронзен.
Од Осенсеи бронзен медал освои Филип Денков.
Од Дан кју: Андреј Димитров и Ангела Трајковска – златни, Зоран Колевски, Давид Дамовски и Александар Трајковски – сребрени и бронзени Даниел Костадиновски и Дарко Стојановски.
На овој турнир се одржа и второто коло од Јадранската џиу џица лига, а на неа две победи избори Александар Трајковски, едната против борец од Панда – Црна Гора, а другата е против екипата на домаќинот НиФ –Алексинац, Србија.:
Стојанче Александров судеше на турнирот, а Зоран Ристески на Јадранската лига.
